Кога не смеат на натпревар, навивачите грмеа на тренинг

Денеска и утре се играат речиси 50 меча во квалификациите за пласман во Лигата на Европа. Борац, тимот од Босна и Херцеговина, во Бања Лука во првото коло ја елиминира Сутјеска од Никшиќ и за првпат се пласира во второ коло од европските квалификации.

Португалскиот Рио Аве е утрешниот ривал на Борац, а фановите на домашниот тим нема да имаат можност да бидат на трибините. За да покажат дека ја имаат целата поддршка, навивачите на Борац присуствуваа на тренингот и со песни и скандирања им посакаа успех на своите миленици.

 

- Оглас -

Најнови вести