Кога Новицки ќе одлучи да го смени спортот (видео)

Дирк Новицки ужива во своите пензионерски денови така што ја забавува публиката во Далас на фудбалските мечеви од МЛС-лигата. Тој вчера се појави на теренот од „Тојота центарот“  во пресрет на дуелот меѓу Далас и Њујорк ред булс, меч кој домаќините го загубија со 1-3.

Новицки имаше чест да шутира од белата точка пред самиот старт на средбата, додека маскотата на Далас беше во улога на голман. Неговиот очаен обид заврши во мрежата, со помош на маскотата, а тој потоа се пошегува дека го повредил колкот при шутирањето.

- Оглас -

Најнови вести