Кога си џокерот во тимот, нормално е да добиеш нов договор

Дивок Ориги потпиша нов, повеќегодишен договор со Ливерпул. Белгискиот напаѓач се покажа како важна алка во тимот на Јирген Клоп, особено во вториот дел од сезоната, кога постигна неколу клучни погодоци.

Најмногу се паметат двата гола против Барселона во победата од 4-0 во реваншот од полуфиналето во ЛШ, потоа го постигна и вториот гол во триумфот над Тотенхем за шестата европска титула на Црвените. Секако, тука е голот против Евертон во градското дерби, кога Ориги во 90+6 минута стрелаше за минимална победа.

„Мило ми е што потпишав нов договор. Тука дојдов на 19 години, се чувствувам удобно бидејќи овој клуб ми помогна да пораснам, но и да се оформам како фудбалер“, посочи Ориги при потпишувањето на договорот.

Ориги е член на Ливерпул од 2014 година, пристигна од редовите на француски Лил, а досега има постигнато 28 гола на 98 натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести