Кога ти е среќен ден на работа, може да добиеш и селфи со Салах

Мохамед Салах пред неколку дена задоцнил на тренингот на Ливерпул, а тренерот Јирген Клоп бил зачуден затоа што знае дека најголемата ѕвезда во тимот секогаш е на време за работните обврски. Египетскиот напаѓач имал добри причини зошто доцни, а тоа е поради еден неочекуван проблем.

На Салах му се дупнала гумата додека возел кон тренинг-центарот и морал да побара помош. За кратко време пристигнало момче кое било вработено во службата за помош на пат.

Момчето кое било голем фан на Ливерпул и Салах најпрво бил збунето, а потоа не само што му помогнал на Салах туку добило и селфи со еден од најдобрите напаѓачи на денешницата.

„Кога дојдов, веднаш не можев да сфатам за кого се работи. Кога Салах се сврте, останав без зборови. Беше многу љубезен кон мене. Го одвлековме автомобилот до неговата куќа и се заврши без проблеми. Секако дека морав да се фотографирам со него за да можам да се фалам на пријателите затоа што никој немаше да ми верува дека сум го запознал Мохамед Салах“, вели работникот од службата за помош на пат.

Салах го возел своето Бентли Континентал ГТ кое чини околу 160.000 фунти.

 

 

- Оглас -

Најнови вести