Кога тој зборува во соблекувалната на Франција, молчи и Мбапе, но и селекторот

Франција се пласира во четвртфиналето на Светското првенство откако со 3:1 ја победи Полска, во меч на кој Галските петли не блескаа во првото полувреме. Актуелниот светски првак водеше со 1:0 по првите 45 минути, но играта не беше уверлива, па тоа било знак во соблекувалната да биде одржан мотивациски говор, и тоа од дефанзивецот Рафаел Варан.

„Ние сме дел од осминафиналето, го живееме нашиот сон, кој може да заврши во секој момент ако продолжиме вака да играме. Не се бориме еден за друг, не се надополнуваме како што треба. Не зборувам за никого посебно, мислам на целиот тим. Мораме да одиграме многу подобро“, бил говорот на Варан во соблекувалната додека селекторот Дидие Дешан и сите останати молчеле и слушале.

Во второто полувреме против Полска, Франција одигра многу подобро, брзо стигна до предност од 3:0 и беше јасно дека противникот нема шанса да ги изненади. Во четвртфиналето Франција ќе игра дерби против Англија.

- Оглас -

Најнови вести