Кога веќе не е најдобар, Роналдо не сака да оди на гала-свеченоста за Златната топка

Кристијано Роналдо нема да се појави вечерва на гала-свеченоста во Париз, кога треба да биде прогласен освојувачот на Златната топка. Според дел од светските медиуми, Роналдо решил да не патува на прогласувањето на најдобриот откако проструи информација дека Лионел Меси ќе биде победникот. Меси и Роналдо се рекордери со по пет Златни топки, а доколку Меси денеска ја добие наградата, Аргентинецот ќе биде прв со шест вакви одличја.

Доколку Роналдо не се појави, тоа нема да биде првпат Португалецот едноставно да бојкотира некоја награда во дадената година ако тој не е победник. Најавите се дека Меси ќе биде најдобар, а зад капитенот на Барселона треба да бидат двајцата играчи од Ливерпул, Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах. Роналдо треба да е дури на четвртата позиција. Ако е така, ова ќе биде првпат по 10 години Кристијано да не биде во топ 3.

 

 

- Оглас -

Најнови вести