Кој би добил повеќе од можна трампа Икарди-Дибала?

Пауло Дибала од Јувентус летово би можел да се пресели во Интер, а од Интер во Јуве ќе замине Мауро Икарди. Ова го најавуваат италијанските медиуми, па веднаш почнаа и анализи што таа евентуална трампа на аргентинските фудбалери би значела, и кој би добил повеќе.

Цената за Дибала која ја бара „старата дама“ е околу 100 милиони евра, но не сака трансфер во Интер. Сепак, може да се премисли ако тренер на тимот стане Антонио Конте. Ако Дибала прејде во Интер, тоа би значело поголем простор за Лаутаро Мартинес како централен напаѓач. Но, за Дибала има интерес и од клубови од други лиги, како Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.

Финансиски, можеби Јувентус би бил во плус, бидејќи цената на Икарди е нешто повисока, но прашање е како екс капитенот на Интер би се снашол во клуб во кој конкуренција ќе му бидат Кристијано Роналдо, Марио Манџукиќ и сè подобриот Моизе Кен. Доколку Икарди дојде во Јуве, можеби младиот Кен ќе биде позајмен или продаден, нешто што не би им се допаднало на фановите.

- Оглас -

Најнови вести