Кој чека ќе дочека – Украинец ќе дебитира за Реал Мадрид по 943 дена

Андриј Лунин чекаше долго време, дури 943 дена за да брани за Реал Мадрид и веројатно ќе има шансаз а деби во Кралскиот клуб за првпат откако во јуни 2018 година беше преставен како ново засилување.

Лунин потоа веднаш беше позајмен на Леганес, а потоа и во Валјадолид, но засилувањето што го чинеше Реал 8.5 милиони евра и во овие два клуба не бранеше многу, само петпати вкупно.

Замина и на трета позајмица, овојпат во Овиедо, каде имаше поголема минутажа и настапи 20 пати во 2020 година. Зинедин Зидан одлучи да го врати во Реал Мадрид и Лунин ќе има шанса да дебитира во среда во 1/16-финалето од Копа Дел Реј на дуелот со Алкојано.

Зидан најави дека ќе има доста ротации за тој меч, Реал е голем фаворит за победа и најавено е и дека Лунин ќе биде на голот за првпат по 943 дена, откако во јуни 2018 година пристигна во редовите на најтрофејната шпанска екипа.

 

- Оглас -

Најнови вести