Кој е подарокот за оние кои сакаат да се обложат на Ерменија – Македонија?

Македонија и Ерменија на фудбалскиот терен досега играле деветпати, а нашата селекција е малку подобра. Ние се имаме радувано на четири меча, Ерменците победиле трипати, а само два дуели завршиле нерешено. Тоа значи дека и денеска во Никозија може да очекуваме неизвесен меч, иако двете селекции нема да бидат во своите најсилни состави.

Последниот меч го одигравме пред два месеци во Скопје, кога Македонија победи со 2:1, а сите три погодоци беа постигнати од пенал. Алиоски и Несторовски погодија за нас, а Барсегјан беше прецизен за гостите во 94-тата минута. Со тој гол на Ерменците, само продолжи традицијата да има барем по три гола на дуелите на овие две селекции.

Од досегашните девет средби, дури осумпати било 3+, а само еднаш биле постигнати два гола. Тоа значи дека погодоците не се непознаница на Македонија и Ерменија, а во Sport Life имате одлична понуда за да одиграте на повеќе голови.

Коефициентот за 3+ на дуелот во Никозија е 2.15, што е одлична понуда ако се гледа традицијата.

Ова се резултатите на досегашните девет меча меѓу Македонија и Ерменија.

05.09.2020 Македонија – Ерменија 2:1

16.10.2018 Ерменија – Македонија 4:0

09.09.2018 Македонија – Ерменија 2:0

07.10.2011 Ерменија – Македонија 4:1

07.09.2010 Македонија – Ерменија 2:2

04.06.2005 Ерменија – Македонија 1:2

18.08.2004 Македонија – Ерменија 3:0

06.09.1995 Македонија – Ерменија 1:2

10.05.1995 Ерменија – Македонија 2:2

 

- Оглас -

Најнови вести