Кој фудбалер се покажа во најдобро светло во првото тримесечје од 2021?

Интернационалниот центар за спортски студии (CIES), по првото тримесечје во 2021 година ги оцени најдобрите фудбалери од топ 5 лигите во Европа.

Оценките се одредени според индивидуален учинок и придонес во резултите на екипите, а според тоа, Лионел Меси е најдобар со оценка 92,5 од максималнни 100. Меси во 2021 година засега брои 18 погодоци и седум асистенции, а воедно е во трка за „Пичичи“ наградата која во Ла Лига се доделува за најдобриот стрелец во сезоната.

Веднаш зад него е најдобриот играч во светот за 2020 година, Роберт Левандовски, кој доби оценка 89,5 за феноменалните настапи во дресот на Баерн Минхен. Полскиот бомбардер забележа 22 гола оваа година и сосема е залужено на второто место.

Изненадување е што Жоржињо од Челзи со оценка 89,5 и стоперот на Манчестер сити Рубен Дијаш, кој доби оценка 89,4, се пред Кристијано Роналдо, на кого оценката му е 89,3. Иако Португалецот е најдобар стрелец во Серија А со 23 погодоци, фудбалскиот обзерваториум му даде помала оценка од ѕвездите во Премиер лигата.

Во топ 10 уште се Набил Фекир од Бетис, Тони Крос од Реал Мадрид, Андре Силва од Ајнтрахт, Лоренцо Инсиње од Наполи и Џејдон Санчо од Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести