Кој ги играше на плус голови, сега е богаташ

Екипата на Бодо Глимт денеска го победи Викинг со 3-0, и има една неверојатна сезона зад себе, во која титулата во Норвешка ја освои со дури 103 постигнати голови на 30 меча и 19 бода повеќе од вториот Молде.

Бодо загуби само еднаш (2-4 од Молде во октомври), а од 30-те кола, на 29 средби даваше два или повеќе гола, што е неверојатен податок. Само неодамна на 2 декември против Старт на гости, дадоа еден гол, на сите други мечеви два или повеќе. Прв стрелец на Бодо Глимт беше Данецот Каспер Јункер со 27 гола.

На европска сцена, Бодо во септември беше елиминиран од Милан во плејофот за влез во групите на Лига Европа, а и на „Сан Сиро“ оваа норвешка машина за голови успеа да даде два гола (загубија со 2-3).

- Оглас -

Најнови вести