Кој ги одигра на голови добро ќари – 16 погодоци на четири средби во Бундеслигата

Натпреварите од 15:30 часот од претпоследното коло во Бундеслигата донесоа вистинско уживање за навивачите, како и веројатно убави добивки за обложувачите, бидејќи беше навистина ефикасно.

На четири средби имаше 16 погодоци, односно во просек по точно четири по натпревар.

Најнеефикасно беше на мечот меѓу Келн и Волфсбург кој заврши со 0:1, додека на средбата меѓу Хофенхајм и Баер Леверкузен видовме пет, каде гостите победија со 3:2.

Со овој триумф, „фармацевтите“ го осигураа настапот во Лигата на шампионите и следната сезона, откако дојдоа до 61-от бод. Патрик Шик со два погодоци (34′, 76′), како и асистенција на Муса Дијаби во 73-та минута, му донесоа супер важни три бода на својот тим.

Печат на победата стави Лукас Аларио со гол во 90-та минута.

Борусија Дортмунд немаше мака против фенерџијата Гројтер Фир и триумфираше со 3:1 и тоа на гости, иако на 20 минути до пред крајот на средбата, резултатот беше 1:1.

Фрајбург, пак, пропушти одлична шанса да дојде на чекор од конечен пласман во топ 4 бидејќи загуби пред своите навивачи од Унион Берлин со 3:1. Со овој пораз, тие останаа четвртопласирани со 55 бода, додека РБ Лајпциг има 54 но и еден натпревар помалку.

БУНДЕСЛИГА

Келн – Волфсбург 0:1

Фрајбург – Унион Берлин 1:4

Гројтер Фир – Борусија Дортмунд 1:3

Хофенхајм – Баер Леверкузен 2:4

 

- Оглас -

Најнови вести