Кој го даде подобро: Коларов или Кресвел? (видео)

Ретко се случува во ист ден да се постигнат два фантастични погодоци од слободен удар, во ситуации кога шутираат леви бекови. Но, ако веќе ја презеле таа одговорност, значи дека се добри во прекините. Тоа го потврдуваат бековите на Рома и Вест хем, искуниот Александар Коларов и Арон Кресвел.

Рома денес славеше кај Болоња со 2-1, а првиот гол на Волчицата беше вистинско ремек-дело на Коларов. Од околу 20 метри толку прецизно ја шутна топката што голманот на домаќините не се помести.

Во меѓувреме Вест хем го пречека Манчестер јунајтед, а Чеканите со 2-0 славеа против избраниците на Оле Гунар Солскјер. За потврда на трите бода, Арон Кресвел постигна вистински убавец и тоа против еден од најдобрите светски голмани, Давид Де Хеа.

Убаво е да се видат леви бекови во главни улоги, а вие одберете кој постигна подобар слободен удар.

https://www.youtube.com/watch?v=72tT4KDjtKY

https://www.youtube.com/watch?v=1Ir2LnwPGeQ

- Оглас -

Најнови вести