Кој ќе го освои второто издание на ЛК: Фиорентина и Вест хем по шест децении чекаат за европски трофеј (Фото)

Екипите на Фиорентина и Вест хем вечерва го играат финалето на второто издание на третото по ранг клупско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига. Финалниот натпревар во Прага нема изразит фаворит, квотите во Sport Life се речиси изедначени со минимална предност за екипата од Англија.

Двете екипи во историјата имаат освоено по еден европски трофеј, и тоа во Купот на победниците на куповите. Фиорентина во 1961-вата, а Вест хем во 1965-тата година, а вечерва една од овие две екипи после шест децении повторно ќе се радува на европски трофеј.

Понудата на Sport Life за финалето навистина е богата со голем број специјални игри. Освен стандардните игри, можете да погодувате и кој ќе биде најдобар, првиот стрелец, а фаворити се Кабрал од Фиорентина и Ингс од Вест хем. Слично е и во играта „победник и стрелец“, каде што квотите се изедначени.

Квотите се одлични и за останатите игри, бројот на корнери, удари во гол, картони, офсајди и фаули. Најголеми шанси да биде постигнат првиот погодок се од 21-вата до 30-тата минута, а квотите се одлични и победникот да биде решен по изведувањето на пеналите.

- Оглас -

Најнови вести