Кој кого копира? Третата гарнитура дресови на Реал е иста како таа на Интер (Фото)

Реал Мадрид официјално ја претстави својата трета гарнитура дресови и на некои гостински мечеви во следната сезона тимот ќе игра и со овие светло-зелени дресови. Но, производителот на спортската опрема „Адидас“ е обвинет дека ги копира своите конкуренти.

Речиси исти вакви зелени дресови има и Интер, кој на пријателскиот меч со Манчестер јунајтед веќе настапи во таа гарнитура, која за клубот од Милано е втора, и често ќе настапува во тие дресови. Дресовите на Интер се од производителот „Најки“.

Но, кој од кого „препишува“ не се знае, бидејќи на сликите во зелен дрес на Реал го има и повредениот Марко Асенсио, што значи дека овој дрес е направен пред тимот да замине на турнејата во Северна Америка.

Можеби и „Најки“ и „Адидас“ ја копираат „Пума“. Оваа компанија уште во минатата сезона изработи ваква нијанса на зелени дресови за екипата на лондонскиот Арсенал.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести