Кој ли ќе даде гол, Реал без Бензема до крајот на сезоната?

Карим Бензема има повреда на мускул во задната ложа на левата нога, и нема да може да игра на утрешното гостување кај Рајо Валјекано, тим кој грчевито се бори за опстанок во шпанското првенство. Можно е Бензема веќе и да не заигра оваа сезона, и шанса да добијат оние играчи за кои тренерот Зинедин Зидан има дилема дали да ги задржи или да ги продаде.

Ова е голем проблем за Реал, бидејќи Бензема е стрелец на последните осум погодоци за „кралскиот клуб“. Реал и со Бензема во тимот не даде гол на гостувањето кај Хетафе, а утре имаат мисија и без првиот стрелец да освојат три бода на гости кај клубот на голманот Столе Димитриевски.

Покрај Бензема, нема да играат ниту Серхио Рамос и Алваро Одриосола, а можно е по паузата да се врати Винисиус. Реал по враќањето на Зинедин Зидан, уште нема победа на гостувањата, па мисијата нема да биде лесна ниту утревечер, бидејќи бодовите му се попотребни на домашниот тим кој ќе биде помотивиран.

- Оглас -

Најнови вести