Кој очекуваше вакво финале – Јужна Кореја против Украина за пехар на Мундијалито

Чои Јун е херојот на Јужна Кореа, а младинците на оваа репрезентација ќе играат во финалето на популарното Мундијалито во Полска, против Украина.

Јун го постигна победничкиот гол во 39-тата минута против Еквадор вечерва во второто полуфинале на Светското првенство за играчи до 20 години, доволно за да се обезбеди меч за титулата.

Јужна Кореја и Украина ќе играат за првиот пехар во конкуренција на играчи до 20 години, што е историски успех за двете селекции.

Претходно Украина со идентичен резултат го доби првото полуфинале против Италија, што им донесе финале во петтото учество на Мундијалите за фудбалери до 20 години.

- Оглас -

Најнови вести