ФИФА на 17 јануари на церемонија во Цирих ќе ја додели наградата „Пушкаш“ за најубав гол во 2021 година, а објавени се и трите финалисти коишто конкурираат за признанието.
Иако паднаа безброј убави и атрактивни голови во минатата година кои би можеле да бидат во конкуренција, ФИФА се реши да номинира погодоци кои беа постигнати на важни натпревари и голови кои ги виделе многу луѓе.
Лани наградата му припадна на Хонг-мин Сон од Тотенхем, а и годинава повторно би можело да победи фудбалер на лондонските Петли.
Гол на годината ќе биде атрактивната „рабона“ на Ерик Ламела од мечот Тотенхем – Арсенал, голот од половина терен на Патрик Шик од дуелот Шкотска – Чешка на ЕВРО 2020 или ножичките на Мехди Тареми од Порто на средбата со Челзи од четвртфиналето во Лигата на шампионите.