Кој прв ќе „лета“, Макс Алегри или Симоне Инѕаги?

Навивачите на Јувентус се бесни и разочарани по серијата лоши резултати и бараат смена на тренерот Масимилијано Алегри. Сега следува пауза во првенството поради мечевите на репрезентациите во Лигата на нациите, па Старата дама има време добро да размисли дали ќе се раздели со Алегри.

Јуве нема ниту еден бод по две кола во Лигата на шампионите, а во Серија А има само две победи во седум кола, а викендов загуби од екипа како Монца.

„Да бев Алегри, ќе си останев во Монца, немаше да се вратам во Торино“, „Никогаш не сум било позасрамен од денеска“, коментираат фанови на најтрофејниот италијански клуб по социјалните мрежи.

Не врие само во Јуве, ситуацијата е слична и во Интер, на чија клупа е Симоне Инѕаги. Нераѕурите викендов беа издоминирани од еден Удинезе, во Серија А имаат три порази во седум кола, нешто што не му личи на тим кој сака да се бори за титулата. Има критики за стилот на игра, лошите измени и немањето идеи.

- Оглас -

Најнови вести