Ноле тргнува во поход на турнирот на којшто треба да испише историја

Новак Ѓоковиќ по пауза од два месеци, вечерва повторно ќе игра меч во поединечна конкуренција. Србинот е дел од Мастерс турнирот во Париз, а мисијата му е да обезбеди доволен број поени кои ќе му го обезбедат првото место на АТП-листата за до крајот на годината.

Најдобриот тенисер во светот петпати во кариерата победувал на овиј турнир, а еднаш има пораз во финалето. Со 37 победи на Мастерсот во Париз, Новак е и рекордер во оваа категорија. Доколку успее по шести пат да стигне до трофејот во Париз, Србинот ќе го обезбеди првото место на АТП-листата до 31 декември, односно годината ќе ја заврши како најдобар и со тоа ќе постави нов рекорд.

Засега Ноле е израмнет со Пит Сампрас со по шест години кои ги завршувале на првото место на АТП-листата. Новак може да го осигури првото место и доколку дојде до финалето на турнирот, а таму не се најде неговиот единствен ривал за првото место на АТП-листата, Данил Медведев.

Прв предизвик на Ѓоковиќ во Париз ќе му биде Мартон Фучовиќ, кој вчера во драматичен меч кој траеше повеќе од два и пол часа успеа да го елиминира Фабио Фоњини.

 

- Оглас -

Најнови вести