Кој се мајтапи со Манчестер јунајтед? Дресовите се ужасни, промоцијата е во гаража (Фото)

Манчестер јунајтед ја промовираше третата гарнитура на дресови за новата сезона, но дизајнот и изгледот на опремата наиде на потсмев на социјалните мрежи.

Гарнитурата е чудна, како да е комплетно погрешен кројот и боите, а лошо е што дел од промоцијата со помош на играчите кои ги претставија дресовите е во просторија што личи на гаража.

Грото коментари се негативни и за изгледот на третата гарнитура дресови и на начинот на кој се промовирани, пред се на изборот на локацијата што според критиките е сосема јасно дека не му доликува на клуб од рангот на најтрофејната екипа од Англија.

https://twitter.com/Ankamagyimi/status/1303297848138661888?s=20

Во промотивната кампања на новиот дрес на Црвените ѓаволи учествуваше и поранешната ѕвезда на тимот, Дејвид Бекам.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести