Кој тим го чека Тухел, Германецот ја одби првата понуда, и тоа од екипа што игра во Лигата на шампионите

Актуелниот менаџер на англискиот Челзи, Томас Тухел, ја доби првата понуда откако на почетокот на септември го напушти „Стемфорд бриџ“, но веднаш ја одби.

Тухел имал понуда да се врати во Бундеслигата и да седне на клупата на учесникот во Лигата на шампионите, Баер Леверкузен, но тој се заблагодарил на поканата, пишува „АС“.

Тухел не сака го преземе кормилото на Фармацевтите, кои се наоѓаат во огромна криза. Баер е претпоследен на табелата во Бундеслигата со пет освоени бода по осум одиграни натпревари, а синоќа загуби со 2:0 на гостувањето кај Порто во ЛШ.
Шпанските, но и германските медиуми тврдат дека Томас Тухел ја чека понудата од Баерн Минхен.

Баварскиот тим иако вчера ја декласира Викторија П’лзењ, не игра добро под водство на Јулијан Нагелсман, а згора на тоа, младиот тренер се соочува со проблеми во соблекувалната, каде што поголем дел од ѕвездите се незадоволните од минутажата, но и од тактичките замисли на стратегот.

Баерн изненадувачки не е лидер во Бундеслигата, пред него се Унион Берлин и Фрајбург, на што никој не се надеваше, посебно откако откако во летниот преоден рок беа купени играчи како Садио Мане и Матајс де Лихт.

- Оглас -

Најнови вести