Кој вели дека на мечот Унион Берлин – Баерн немаше гледачи? (Фото)

Интересна сцена се случи вчера, за време на натпреварот од 26-тото коло на Бундеслигата помеѓу Унион Берлин и Баерн Минхен. Двајца навивачи се обидоа да се сокријат во крошна од дрво високо 12 метри и на тој начин да го гледаат во живо овој меч. За нивна жал, задоволството брзо им беше ускратено.

Полицијата ги забележала и интервенирала, па овие фанови го напуштија подрачјето околу стадионот, а нема дилеми и дека ќе треба да платат казна за прекршокот.

Инаку, ова сега се модерни времиња, елитен фудбал тешко може да се гледа ако не сте на трибини на некој стадион. Но, во минатото беше поинаку. Во далечната 1977 година, кога Баерн гостуваше во Бугарија кај Марек Дупница, десетици снаодливи навивачи беа качени на дрво кое е повисоко од трибината и оттаму го следеа мечот.

- Оглас -

Најнови вести