Кој вели дека пикадото е спорт „без контакт“ со противник? (Видео)

Пикадото на прв поглед е мирен спорт во кој нема физички контакт меѓу противниците, освен на почеток и крај кога спортски се поздравуваат, па затоа овој инцидентен случај од Премиерлигата се чини дека е исклучок.

Дерил Гарни од Северна Ирска, откако во последните три фрлања успеа да изедначи на 7-7, покажа дека има „краток фитил“ и прослави со налутен поглед кон публиката со покажување кон противникот Гервин Прајс од Велс. Откако си „честитаа“ после мечот, имаа жолчна расправија, па во еден момент мораа да реагираат и луѓето задолжени за обезбедувањето.

Гарни се пожали дека додека фрлал, Прајс постојано зборувал и со тоа намерно го деконцентрирал. Легендата и моментно прв играч на светот, Мајкл ван Гервен, додаде малку масло на оганот. Тој и Роб Крос веќе обезбедија полуфинале, а за другите две места се борат четворица, меѓу кои и Гарни и Прајс, кои според Гервен, се однесувале како мали деца.

Деновиве во тек е и гран-при турнирот кој се одржува во Германија, а победниците на мечевите можете да ги погодувате со обложување во Sport Life.

Погледете го инцидентот помеѓу Ирецот и Велшанецот:

- Оглас -

Најнови вести