Кој вели дека во НБА нема тепачки на трибините? (Видео)

За време на натпреварот на Денвер нагетс и Лос Анџелес лејкерс на трибините во „Пепси центарот“ имаше кратка тепачка „два на два“, и тоа еден брачен пар со други маж и жена. Едните фанови на домашниот, другите двајца на гостинскиот тим.

Откако си разменија по неколку удари, беа одвоени од обезбедувањето, но и ова е премногу за еден НБА-меч. Вистинска реткост е навивачите во САД да се тепаат, особено што тука откако прво се караа, потоа се удираа и жени.

- Оглас -

Најнови вести