Која суперѕвезда во 2025 година ќе потпише за ПСЖ за да стане светски првак во 2026?

Лионел Меси го оствари сонот да стане светски првак, а на аргентинската суперѕвезда тоа му успеа дури во петиот Мундијал за него. На претходните четири планетарни собири Меси се обидуваше, играше и во финалето на СП 2014 година, но загуби. На крајот, тоа што цел живот го сонувал, му успеа сега во Катар, а педантните следбеници на традицијата најдоа една интересна „спојка“ зошто Меси токму сега стана светски првак.

Меси во 2021 година потпиша за Пари Сен Жермен, а во 2022 година се искачи на планетарниот трон, со што само продолжи една интересна низа започната од Роналдињо и Килијан Мбапе. Бразилскиот волшебник Роналдињо во 2001 година потпиша за ПСЖ, а следната година тој со Бразил стигна до мундијалската титула во 2002 година. Слично се случи и во 2017 година, кога Мбапе од Монако направи трансфер во ПСЖ, а следната 2018 година токму тој ги предводеше Галските петли до шампионскиот пехар на Мундијалот во Русија.

- Оглас -

Најнови вести