Коке и Саул во трка со времето

Во таборот на Атлетико Мадрид се уверени дека Коке и Саул ќе бидат подготвени за градското дерби против Реал Мадрид во сабота (16.15 часот). И двајцата шпански репрезентативци го пропуштија последниот натпревар на „јорганџиите“ во Ла Лига, тоа беше во неделата, во поразот од Бетис со 1-0.

Ситни повреди ги оневозможија Коке и Саул да играат на тој меч, па токму затоа во следниве неколку дена ќе имаат дополнителни физички подготовки со цел да бидат достапни за Диего Симеоне во претстојното мадридско дерби. Иако денес тренираа посебно, од утре и двајцата веројатно ќе се приклучат на остатокот од тимот.

„Кралевите“ во добра форма ќе гостуваат на „Ванда Метрополитано“ откако победија на последните четири средби во шпанското првенство, додека Атлетико мора да издвои позитивен резултат ако сака да остане во чекор со Барселона во трката за шампионската титула.

Првиот меѓусебен дуел на „Сантијаго Бернабеу“ заврши без голови и без победник, а доколку исходот е сличен и во претстојното дерби, Атлетико и Реал две сезони во низа, односно четири последователни средби ќе одиграат без победник.

- Оглас -

Најнови вести