Кокелан му даде светски гол на Нојер, за несреќа го фатија во офсајд (Видео)

Франсис Кокелан постигна и втор гол за Вилјареал против Баерн во првото полувреме, но беше поништен поради офсајд.

Погодокот беше прекрасен, а Мануел Нојер само немоќно го следеше лоб ударот од мртов агол во својата мрежа, но претходно играчот на Вилјареал беше во офсајд.

Ако беше регуларен, ќе беше еден од најубавите погодоци сезонава во Лигата на шампионите, а извонредниот потег на Кокелан во 41-вата минута можете да го погледнете ОВДЕ.

Вилјареал води со 1:0 по првото полувреме против Баерн со голот на Арно Данџума во осмата минута во првиот дуел од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

На вториот меч што се игра вечерва, во Лондон на „Стемфорд бриџ“, Реал Мадрид со прекрасните голови со глава на Карим Бензема води со 2:1 против Челзи.

Единствениот погодок за домаќините во првото полувреме го постигна Кај Хаверц во 40-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести