Коко го знае Париз на прсти, сега може да го освои и Ролан Гарос како тинејџерка (Видео)

Талентираната американска тинејџерка Кори Коко Гоф ќе игра во полуфиналето на Ролан Гарос по големата победа против сонародничката Слоун Стивенс со 2:0 во сетови.

За Гоф која има само 18 години ова е најголем успех во кариерата и прво полуфинале на гренслем турнирите.

Лесно може да игра и во финалето, бидејќи противничка ќе и биде Мартина Тревизан, која е рангираната на 59. место на ВТА листата, а и таа за првпат ќе игра во полуфинале и на Ролан Гарос и на гренслем турнирите по победата против Лејла Фернандес со 2:1 во сетови.

Гоф одигра интересно американско дерби со Стивенс, која е гренслем шампионка од 2017 година на САД опен и следната година играше и финале на Ролан Гарос.

https://twitter.com/eurosport/status/1531642875796246531?s=20&t=-V4swCRpWfnmiNMEKoITYA

Коко ја почна кариерата во Париз, откако доби стипендија во познатата тениска Академија на Патрик Муратоглу во Франција.

Сега има шанса дури и да го освои пехарот на еден од четирите најценети светски тениски турнири.

 

- Оглас -

Најнови вести