Кокорин и Мамаев ситно бројат до излез од затвор

Игор Кокорин и Павел Мамаев наскоро ќе бидат пуштени на слобода, и тоа условна, откако поради хулигански напади, и тоа неколкукратни, двајцата познати руски фудбалери и поранешни репрезентативци беа осудени и затворени на 18, односно 17 месеци.

Вистински шок во Русија предизвика откритието за насилство на играчот на Зенит, Кокорин и на Краснодар, Мамаев, а врв на сè беше кога нападнаа актуелна политичарка.

И претходно нападнаа и двајца мажи на паркинг пред хотел во Москва, што беше проследено со многу гнев во јавноста.

Кокорин тогаш беше актуелен репрезентативец и еден од најскапо платените играчи на Зенит од Санкт Петербург, а и Мамаев воопшто не е непознато лице во рускиот фудбал и 15 пати играше за репрезентацијата.

Беа притворени во октомври лани, а поради добро однесување во затворот, казната им е намалена, односно преполовена, па на 17 септември ќе бидат на слобода, но условна, со посебни мерки за нив двајцата.

- Оглас -

Најнови вести