Колашинац се врати во најслабиот тим во Бундеслигата

Сеад Колашинац се врати во редовите на Шалке 04 на позајмица до крајот на актуелната сезона. Босанскиот репрезентативец по пауза од три и пол години повторно ќе ги брани боите на тимот од Гелзенкирхен кој е очаен сезонава и сè уште трага по првата победа во Бундеслигата.

Германските медиуми тврдат дека Колашинац ќе ја добие одговорноста да ја носи капитенската лента на екипата.

„Да се вратам во гелзенкирхен ми беше една од желбите, мило ми е што повторно ќе играм со познати лица. Заедно ќе се избориме за опстанок, сигурен сум во тоа“, истакна Колашинац.

Дефанизвецот сезонава падна во втор план кај Микел Артета и запиша само еден премиерлигашки настап, додека шанса добиваше во Лигата на Европа. Од летото 2017 па досега, Колашинац одигра 113 меча во сите натпреварувања за Арсенал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести