Колеџ-ѕвездата го повреди коленото поради патика, реагираше и Обама (Видео)

Кошаркарот на Универзитетот Дјук, Зион Вилијамсон, за кого се прогнозира дека ќе биде прв пик на наредниот драфт во НБА-лигата, доживеа бизарна повреда на дербито од НЦАА лигата против Северна Каролина. Момчето кое на 18 години има 201 сантиметар и 130 килограми, го повреди коленото бидејќи се лизна откако му „пукна“ патиката.

Тренерот на Дјук, славниот Мајк Кшижевски, рече дека Зион има благо истегнување на лигаментите и немаше информација колку време ќе треба да паузира неговата главна ѕвезда. Вилијамсон сезонава, негова прва како студент, има просек од 21,6 поени, 8,8 скока, 2,2 асистенции и 1,8 блокади по меч.

Ова е голема антиреклама и за произведувачот на патиките, „Најки“. Зион носеше патики „најк ПГ 2.5“, брендирани по НБА-ѕвездата Пол Џорџ. Од „Најки“ изјавија дека работат на утврдување на проблемот во овој за нив изолиран случај и му посакаа на Вилијамсон што побрзо да оздрави.

На мечот присуствуваше и поранешниот претседател на САД, Барак Обама, кој преку „Твитер“ порача дека на феноменалниот млад играч Вилијамсон му посакува брзо закрепнување.

- Оглас -

Најнови вести