Колекционерот на трофеи првиот го освои пред точно 11 години (видео)

На денешен ден точно точно 11 години, Барселона го освои првиот трофеј под палката на Пеп Гвардиола, што воедно беше и прво одличје за шпанскиот стратег во елитниот фудбал. Каталонците со 4-1 го совладаа Атлетик Билбао во финалето од Купот на Кралот, што беше најава за тројната круна освоена во сезоната 2008/09.

Оттогаш Гвардиола додаде уште 28 трофеи во својата колекција како тренер на Барселона, Баерн Минхен и Манчестер сити.

Барселона – по три титули во Ла Лига и шпанскиот Суперкуп, две во Лигата на шампиони и два европски Суперкупа, два трофеи во Купот на Кралот и уште два од Светското клупско првенство.

Баерн Минхен – три титули во Бундеслигата, две во Купот и по еден европски Суперкуп и Светско клупско првенство.

Манчестер сити – три трофеи во Лига купот на Англија, две титули во Премиер лигата, два Суперкупа (Комјунити шилд) и еден трофеј во ФА купот.

- Оглас -

Најнови вести