Колку луѓе може да спијат во џиновскиот кревет на Лукаку? (Фото)

Ромелу Лукаку одлично се снајде во Интер и е еден од најдобрите играчи на Нераѕурите во трката да го симне Јувентус од тронот во Серија А. Белгискиот напаѓач очигледно ужива во Милано и на 25 меча досега има дадено 18 погодоци.

Белгискиот репрезентативец неодамна откри дека здравиот начин на живот и добриот одмор е причина за неговата добра форма и игра. Лукаку преку социјалните мрежи се пофали дека има одлична комоција во креветот во кој спие.

https://www.instagram.com/p/B7Wm2uEhLyp/?utm_source=ig_web_copy_link

 

- Оглас -

Најнови вести