Колку шутеви, толку голови – Дибиров беше брилијантен во Нашице (Видео)

Тимур Дибиров одигра брилијантна партија ракомет и ги погоди сите 12 удари на првиот четвртфинален меч на Вардар против Нексе во СЕХА лигата.

Вардар победи во Нашице со 31:30 и е многу блиску до деветти настап на Ф4 во лигата во која апсолутно доминира со 7 финалиња и пет титули во досегашните 8 изданија на Регионалната лига.

Реваншот ќе се игра во Скопје на 15. март од 20.15 часот.

Погледнете еден од мајсторските потези на Дибиров и еден од неговите 12 гола на мечот во Нашице.

- Оглас -

Најнови вести