Колку страст, емоции, возбуда, има во само неколку секунди фудбал (Видео)

Колку фудбалот може да биде стресен, неизвесен и возбудлив, покажува снимката од Турција. Екипата на Гезтепе, буквално во последното коло се спаси од испаѓање, откако успеа со 2:1 да го победи тимот на Анкарагучу.

На свој терен, Гезтепе играше 1:1, кога во 83 минута беше досуден пенал за Гезтепе. Погодок ќе значи опстанок на домаќините во турската елитна лига. Навивачите со нетрпение очекуваат да биде изведен пеналот. Многумина од нив не можат да издржат, ниту да го гледаат изведувањето на пеналот.

Безбедносните камери забележаа како навивачите ги преживуваа тие моменти. На крајот, Гезтепе даде гол за 2:1 и клубот се спаси од испаѓање.

https://www.instagram.com/p/ByImJN5lkNC/?utm_source=ig_web_copy_link

- Оглас -

Најнови вести