Коло на Спортска прогноза што не се пропушта – Погодете ги Дербито на Италија и англискиот шлагер на пат кон „ајфон 11“

Два големи дерби-спектакли ќе се играат викендов, а вистински предизвик за бројната армија учесници во Спортска прогноза на Sport Life и Спорт Манија ќе биде да се погодат исходите на дуелите меѓу Интер и Јувентус и Ливерпул против Манчестер јунајтед.

Двата меча се на менито на 19-тото коло на Спортска прогноза и ќе се играат во недела. На „Енфилд роуд“ од 17.30 часот ќе играат двете првопласирани екипи во Англија, кои се и најтрофејни со вкупно 39 шампионски круни, па ќе биде вистински мерак да се следи мечот и секако да се погоди исходот во трката за „ајфон 11“ што го доделува Sport Life за точно погодена Тринаесетка.

Од 20.45 часот во недела како последен меч во нашата понуда за 19-тото коло ќе почне и популарното Дерби на Италија меѓу Интер и Јувентус.

И тука бодовите се исклучително важни и за двете екипи во обидот да се задржи чекорот со лидерот Милан во Серија А.

Стандардно и ова коло ќе почне во сабота, во 15.30 часот со два дуели во Бундеслигата и тоа е последниот рок за вашите прогнози во 19-тото коло на бесплатната игра со многу награди.

 

 

- Оглас -

Најнови вести