Коло за ваучери, Баер Леверкузен ги изигра и милионерите и прогнозерите

Блиску беа прогнозерите до „ајфонот“ како главна премија во секое коло на Спортска прогноза, но на крајот максимумот се 11 погодоци на петмина учесници во нашата бесплатна игра.

Имаше и мал куриозитет што доведе до добитен тикет со огромен коефициент од 344 во обложувалниците на Sport Life ако се обложивте на предлогот на нашите прогнозери за 7-те мечеви во неделата.

Сепак, утките за да нема прва 13-ка во втората сезона на Спортска прогноза се случија малку порано, во саботата.

Баер Леверкузен ги изненади грото прогнозери со победа од 4:3 против Борусија Дортмунд, а таков исход или кец на „Бај арената“ предвидоа само 8 проценти од вкупно 1.329 учесници во 22-рото коло на Спортската прогноза.

Ниту нулата на мечот Брајтон – Ватфорд не им легна добро на прогнозерите, па во тие два меча лежи најголемата причина што немаше погодена тринаесетка.

Петмина учесници со максимум 11 погодени двојки ќе бидат наградени со ваучери од Sport Life во вредност од по 500 денари, а за сите останати очекувајте ја новата шанса за прогнозирање и новото 23-то коло кое ќе стартува утре од 14 часот со нови 13+2 парови.

- Оглас -

Најнови вести