Колорадо трепери од возбуда, две децении чекаат титула во НХЛ и стравуваат од чешката машина за голови што не се гаси до крај

Колорадо авеланш има нова шанса да ја освои титулата во НХЛ лигата по пауза од 21 година, а може да го стори тоа со победа ноќеска во Флорида против актуелниот првак Тампа беј лајтнинг.

Лавината од Колорадо не успеа на претходниот меч и при предност од 3:1 во победи имаа меч топка на свој терен, но загубија со 2:3 со што Тампа беј намали на 2:3 во вкупен број на победи и плејоф финалето продолжува.

„Знаеме дека се многу искусен тим и дека ова ќе ни биде најтешката плејоф серија во битката за титулата. Се надевам дека ќе успееме сега да победиме и конечно да се радуваме на пехарот во Стенли купот“, изјави голманот на Колорадо, Дарси Кумпер.

Гоститен најмногу стравуваат од чешката машина за голови, Андреј Палат. Тој им го даде голот што им ја однесе првата меч-топка на претходниот меч.

Палат е само вториот хокеар во историјата на НХЛ лигата што во ист циклус во плејоф за титула дал три решавачки голови на дуелите во последните 10 минути.

https://twitter.com/NHL/status/1540712694810116097?s=20&t=L_lcE39Zj856tXD6HtyqvQ

Палат погоди на шест минути до крајот на претходниот меч за победа на Тампа од 3:2 и за продолжување на сонот за хет-трик.

Грмотевиците се двојни шампиони едноподруго, но не смеат да си дозоволат пораз што ќе значи збогување со шансите за нов пехар во Стенли купот.

„Не е важен мојот учинок, само да победуваме, тоа е најважно. Одиме чекор по чекор и знаеме дека имаме квалитет за подвиг, иако ситуацијата е исклучително незгодна и постои протисок да ги добиеме и следните два меча“, вели Палат.

Шестиот меч се игра ноќеска на Флорида од 2 часот по полноќ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести