Колото на Спортска прогноза не е класично, почнува со Ел Класико

Седмото коло на Спортска прогноза ќе почне со шпанското Ел Класико меѓу Барселона и Реал Мадрид во сабот во 16 часот, и тоа е терминот до кој можете да типувате на 13-те меча од основата понуда и двата резервни пара.

Дуелите на Барса и Реал се врв во европскиот клупски фудбал и предизвик е да се погоди како ќе заврши мечот. Од оние прогнозери коишто досега прогнозирале, речиси две третини сметаат дека ќе победат Каталонците. Двојно помалку од тие што типувале „кец“, се определиле за нерешено, а само 11 отсто веруваат дека тоа е мечот на кој Реал ќе излезе од кризата во која западна по домашните киксеви со Кадис и Шахтар.

Во седмото коло има и други дербија кои заслужуваат внимание. Треба да погодите што ќе се случува на мечевите Борусија Дортмунд – Шалке 04, Манчестер јунајтед – Челзи, Милан – Рома, Лион – Монако и на други натпревари кои на хартија не се толку привлечни, но може да ви донесат вредни награди.

Максимален број на погодени натпревари се наградува со прекрасниот мобилен телефон „ајфон 11“, а има и ваучери од 1.000 денари за погодени 12 пара и 500 денари за 11-ка.

Треба да се внимава и на резервните двојки, кои носат поени за Генерален пласман. Шампионот на крајот од сезоната ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а награди ќе има за најдобрата петорка и во третата сезона од бесплатната игра во организација на Спорт Манија и Sport Life.

Право на учество во оваа бесплатна игра имаат сите оние кои имаа клуб картичка на Sport Life. Не чекајте, прогнозирајте.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести