Колумбија ќе нема мака дома против Перу

6738 Колумбија – Перу (Квалификации за СП Јужна Америка, 22:00 часот)

Јужноамериканските квалификации за СП деновиве ќе бидат најактуелни за обложување, а вечерната програма ја отвораат Колумбија и Перу.

И на двете селекции им е потребна победа за да бидат во топ четири, каде што Бразил и Аргентина се веќе пласирани, додека петтопласираниот ќе игра дополнителен бараж.

Двете селекции имаат по 17 бодови, но голема предност за Колумбија ќе биде домашниот терен, којшто во Јужна Америка е огромно нешто.

Минатата година овие репрезентации одиграа два натпревари, и тоа Колумбија исто така беше домаќин, а резултатите беа 3:2 и 1:2,. Сепак, сега домаќините немаат право на кикс.

Предлог тип: 1 & T12+ (2.22)

 

5734 Јамшедпур – Гоа (Супер лига Индија, 15:00 часот)

Индиската лига е една од активните за време на оваа репрезентативна пауза, а овој натпревар вреди да се одигра на голови.

Тоа го велиме бидејќи на последните пет средби, сите од нив биле најмалку со три погодоци, а две имаат завршено и со пет плус.

Квотата во Sport Life навистина е одлична и не смее да се пропушти.

Предлог тип: 3+ (1.88)

 

2431 Сепси – Универзитатеа Крајова (Лига 1 Романија, 19:00 часот)

Во Романија доста често се игра „тврд“ фудбал со мал број погодоци, а слично на тоа е и кога ќе се соочат овие две екипи.

Досега во својата историја се сретнале десетпати и сите тие завршиле од нула до два погодоци.

А и моменталната форма на екипите сугерира токму на такво нешто бидејќи Сепси пред своите навивачи бележи просек токму од два погодока, додека Крајова на гости има просек од 1,5 по средба.

Предлог тип: 0-2 гола (1.44)

 

1712 Ажаксио – Оксер (Лига 2 Франција, 19:00 часот)

Ажаксио се наоѓа на второто место во француската Лига два и е еден од најсериозните кандидати за влез во елитата.

Оксер, пак, исто така е при самиот врв и со 36 бода се наоѓа на петтата позиција, а интересно е што последните две средби на овие екипи завршиле без победник.

Нешто слично се очекува да биде и вечерва, каде што и на двата тима иако им се потребни бодовите, нема премногу да ризикуваат.

Предлог тип: Х (3.00)

 

5721 Арема Маланг – Персипура (Лига 1 Индонезија, 14:45 часот)

Домаќините ја бркаат титулата во тамошниот шампионат, додека гостите треперат за опстанокот.

Арема е на второто место и има 41 бод, односно два помалку од лидерот Бајангакара Соло и со победа денеска значително ќе си ги зголеми шансите за наслов.

Гостите, пак, само со 18 бодови се на едно место над зоната за испаѓање и според моменталниот пласман на табелата, тие нема што да бараат на оваа средба.

Предлог тип: 1&3+(2.25)

- Оглас -

Најнови вести