Коментатор за влакно избегна смрт на хокејски меч (Видео)

Малку фалеше натпреварот од НХЛ лигата помеѓу Тампа беј и Колумбус да биде последен за 57-годишниот Пјер Мекгваер во неговата коментаторска кариера. Тој буквално за сантиметри се спаси од смрт. Не ни трепна кога пакот помина покрај неговата глава.

Плочката со која се игра хокеј на мраз тежи 17 декаграми и може да постигне брзина и од 170 километри на час. Врвните голмани имаат само 0,13 секунди за да реагираат, но и тоа некогаш е премногу бавно. Коментаторот не ни виде кога пакот помина покрај него и реагираше дури откако се спаси.

Пресметано е дека кинетичката енергија е иста како при испален куршум со калибар 0,22, па затоа пакот е најопасниот „проектил“ во светот на спортот. Терените во хокејот се заградени со плексиглас и заштитни мрежи, а клупите за резервни играчи се единствениот незаштитен дел. Баш таму беше коментаторот на НБЦ во моментот кога пакот летна покрај него и се заби во објективот на камерата.

Погледнете забавена снимка каде помина пакот и за колку го утна репортерот на телевизијата НБЦ:

- Оглас -

Најнови вести