Комити направија пиротехнички спектакл за спас на Вардар (Видео)

Навивачката група Комити со пиротехничко шоу го прославија рекордот на продадени билети за фудбалски натпревар во македонското фудбалско првенство, па вечерва во 19.47 часот, симболично со годината на основање на ФК Вардар, го прославија рекордот.

Вардар се наоѓа во тешка финансиска состојба, а клубот в недела игра против Пелистер, пред празни трибини, но на распродадени стадион, бидејќи се продадоа над 35.000 билети за Спас на Вардар по цена од 100 денари.

Собрани се 50-тина илјади евра од акцијата, пари наменети за клубот да ги преживее овие тешки денови, кога едвај тргна во подготовка за пролетната сезона. Но, каков и да е тимот, Вардар ќе  има поддршка од најверните фанови.

Погледнете и тука како изгледаше шоуто на Арената „Тодор Проески“.

- Оглас -

Најнови вести