Компани со „кралски пречек“ во Брисел, а потоа следуваше шок (Фото)

Навивачите на Андерлехт му приредија топло добредојде на ветеранот Венсан Компани, кој летово се врати дома по заминувањето од Манчестер сити. Тие направија кореографија посветена на Компани пред мечот на Андерлехт со Остенде. „Отиде како принц, се врати како крал“, пишува на транспарентот под знамето со ликот на дефанзивецот.

Компани играше за Андерлехт од 2003 до 2006 година, потоа си замина во Хамбургер, од каде замина во Сити, и таму остана девет сезони. Но, не беше се како што посакуваа фановите, кои на крај си заминаа разочарани и со спуштени глави. Големиот фаворит Андерлехт киксираше дома против Остенде, неочекувано загуби со 1-2, и имаше непосакуван старт на новата сезона во белгиската лига.

- Оглас -

Најнови вести