Комплименти од Романецот што играше за Брегалница: Македонците ќе го дадат животот на терен, но нема да се предадат

Го имаат поранешниот југословенски дух, жилави се и нема да се предадат дури и да губат со 3:0, вели Роберт Каруца за македонската репрезентација во неговото интервју, пред дуелот вечерва меѓу Романија и нашата репрезентација во Букурешт.

Романецот играше за штипска Брегалница во сезоната 2016/17 и добро го познава нашиот фудбал, а им ги пренесе своите искуства на романските медиуми.

„Ќе го дадат животот на терен, но никогаш нема да се откажат, да се предадат. Ќе ги издриблаш, ќе водиш и кога мислиш дека се е готово, тие се уште ќе играат, ќе се борат. Имаат шампионски дух и на Романија нема воопшто да и биде лесно, Особено сега кога Македонците се во еуфорија по пласманот на Европското првенство“, вели Каруца.

Македонија вечерва од 20.45 часот ќе го игра премиерниот меч за настап на Мундијалот во Катар и тоа на терен што ќе ни биде дом за ЕП, бидејќи во Букурешт на националната арена ќе ги играме првите два меча во јуни, против Австрија на 13. и со Украина на 17.

 

 

- Оглас -

Најнови вести