Конечно добива вистинска шанса: Елмас прв пат е стартер во дресот на Лајпциг

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе биде стартер во тимот на Лајпциг за мечот против Дармштат во Бундеслигата. Елмас во јануари направи трансфер и од Наполи се пресели во Лајпциг и тоа за сума од 25 милиони евра.

Иако ова беше еден од најголемите трансфери во светот за јануарскиот преоден рок во 2024 година, Елмас цели два месеци беше резерва. Македонскиот репрезентативец најчесто добиваше шанса во последните 10-тина минути од мечевите, а сега прв пат ќе има можност да ги покаже квалитетите уште од првата минута на мечот кој се игра попладнево.

- Оглас -

Најнови вести