Дејвид Хендерсон, кој го организираше кобниот лет со „Пајперот“ на 21 јануари преклани на кој загина познатиот фудбалер Емилијано Сала е прогласен за виновен за смртта и на Сала, но и на пилотот Дејвид Иботсон.
Хендерсон призна дека без дозвола го организирал летот на авионот, кој предизвика страшна несреќа и се урна некаде над Ла Манш на летот од Нант кон Кардиф.
Сала беше во Франција за да ги заврши формалните работи при заминувањето од Нант и да се поздрави со соиграчите, но летот заврши кобно.
Телото на Сала беше пронајдено дури на 3 февруари, а сè уште не е пронајдено телото на пилотот Иботсон.
Хендерсон ја призна вината и особено фактот дека неовластено го организирал летот, а казната ќе му биде изречена на 12 ноември.