Конечно: На Алмерија ѝ беа потребни 29 натпревари за да победи во Ла Лига

Екипата на Алмерија конечно успеаја да дојдат до првата победа оваа сезона во Ла Лига. Тие до денес беа единствената екипа во топ-5 лигите во Европа кои немаа победа, но проклетството го скршија со на гостински терен против Лас Палмас.

Алмерија победи со 0-1, а единствениот гол беше дело на Лео Баптистао во 14-тата минута. Со победата Алмерија дојде до 13 бода во Ла Лига, но останува на последното место со само бод помалку од претпоследната Гранада, но и со заостанување од 14 поени од местата кои носат опстанок во лигата.

- Оглас -

Најнови вести