Конечно: Познато кога ќе дебитира првиот пик

Зајон Вилијамсон ќе дебитира на 22 јануари против Сан Антонио спарс. Првиот пик на минатогодишниот драфт конечно ќе истрча на НБА паркетите откако целосно ја надмина повредата на десното колено, со која се здоби пред стартот на сезоната.

Младата ѕвезда на Њу Орлеанс на почетокот од овој месец почна со редовни тренинзи, а пред неколку дена без проблеми одиграл цела партија „пет на пет“ на тренинг. Од клубот не го форсираа неговиот камбек, но Зајон дефинитивно е подготвен да покаже што знае.

Во текот на претсезонските подготовки Вилијамсон ги оправда сите позитивни критики со неговите одлични настапи. Њу Орлеанс во октомври ги доби сите пет подготовки во кои 19-годишниот Вилијамсон бележеше просек од 23,3 поени и 6,5 скока по натпревар, со висока процентуална реализација од игра од 71,4% во четири одиграни меча.

- Оглас -

Најнови вести