Фудблската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година славеше на гостувањето во Гибралтар со 2:0, во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство.
Ова е трета победа во осмиот меч пд квалификациите, во кои Македонија сепак е без шанса за пласман на завршницата.
Сите дилеми околу победникот во Гибралтар беа решени уште во првото полувреме кога нашите надежи постигнаа два гола, а стрелци беа играчи на Шкендија.
Најпрво Ване Крстевски со прецизен шут надвор од шеснаесетникот донесе радост за Македонија во 24 минута. Во 42 минута веќе беше кога Фитон Адеми зголеми на 2:0.
Во второто полувреме, нашите надежи рутински ја сочуваа предноста за освојување на трите бода.